abaa3fcab4bcae2cc5603df7ba5ff669.jpg
7935e36620fee90fd52d70cf0dc8530f.jpg
4a8cfbfaaa6726c6534317d4715e5369.jpg
847448588bf3618ab3b05887348a109b.jpg
8e37422002dee3b92aedab82c3956ae6.jpg
49fdbc027a5da066d0d7f99513844893.jpg
2f9f83cbdf29792f85c828707b41d97a.jpg
Флексибилна амбалажа

Флексографија (или скратено Флексо печат) е форма на печатење која користи флексо релјефни плочи. Тоа во суштина е модерна верзија на високиот печат, кој може да се користи за печатење на секој вид на супстрати, вклучувајќи пластика, метални филмови, целофан и хартија. Се користи за печатење на најразлични видови на амбалажа за храна, како и секаков друг вид на амбалажа.

Располагаме со висококвалитетен и комплетно дигитализиран систем на изработка и монтажа на плочите за печатење.

Располагаме со модерна технологија за длабок печат кој користи цилиндар, на кој ласерски и прецизно се гравираат ќелии, кои се способни да ја задржуваат печатарската боја, големината и калапот. Врз нив се отсликува саканиот дизајн, со помош на притисок и капиларна акција. Понатаму следува ламинирање, конфекционирање или парафирање на амбалажата, во зависност од желбите на крајниот корисник.

Смрзната храна
Фолијата треба да ја издржи манипулацијата на смрзнат проивод и да обезбеди заштита од навлегување на надворешни ароми. Во зависност од производот кој се пакува, неговиот рок на траење и типот на машината за пакување, се користат комбинации на полипропилени или полиестери со полиетилени. Крајниот метализиран слој пак го потенцира дизајнот и го одвојува производот од останатите на конкуренцијата.
 Снек
Најраспространет тип на фолија, најстар во нашата програма. Но сега и со можност за дополнителна заштита на производот од кислород или влага, за чипсот да е крцкав како да е спакуван сега. Од варијанти со метализиран полипропилен, каде дизајнот го добива полниот сјај, до транспарентни или мат полипропилени, каде ефектот на хартија го прави пакувањето ексклузивно.
 Повеќеслојни фолии
Заштитата на производот, како и солидниот изглед на спакуваниот производ на полиците, наметнуваат користење на повеќеслојни фолии. Комбинациите зависат од типот на производот, заштитата која тој производ ја бара, дизајнот и сл.

  Вакум фолии
Најразличните производи кои бараат соодветна заштита од присуство на воздух имаат потреба од вакумирање, а во зависност од производот и намената, можни се повеќе комбинации на фолии, во два или три слоја, со или без алуминиум или полиамид.

 Slika 1    МАП бариерни фолии
Потребна Ви е заштита и продолжен рок на траење на вашиот производ? Пакувањето во модификувана атмосфера е можеби решението за Вас. Слојот на EVOH, кој е инкорпориран во фолијата е одговорот на врвните бариерни својства на фолијата за пакување. Не дозволува продор на кислород и надворешни мириси, како и испуштање на инертниот гас од пакувањето.
      Детергенти
Се користат доволно еластични материјали, со соодветна дебелина, кои нема да дозволат оштетување на пакувањето. А во морето на слични производи, вашиот ќе се истакне со јасниот печат.
 041

     Поединечно пакување (Twist Wrap)
Произведувате бонбони или карамели?!

Поединечното пакување на овие производи е потреба, за да се заштити производот од загадување. За пакерки со големи брзини, стојат на располагање различни типови на материјали. Незаобиколен дел при поединечно завиткување на бонбони и карамели. Исто така и при пакување на гуми за џвакање.

Slika 4      Влажни марамчиња
Секако, потребно е да ја задржат аромата и влагата исто како да се денес пакувани. А и фолијата да ги издржи хемикалиите кои се користат во оваа индустрија.
76 resized      Кеси со централен или странични варови
Откако фолијата ќе биде отпечатена и ламинирана, ние нудиме и производство на кеси, доколку тоа е замислата на нашиот клиент. Произведуваме кеси во различна големина и бои, кои допринесуваат за продолжување на рокот на траење на производот.
Slika 2      Тестенини и ориз
Ова спаѓа во стандардните наши производи. Комбинацијата на материјали е избрана за на вашето пакување да му даде цврстина, но и доволна еластичност во манипулацијата после пакувањето. И секако... пакување збогатено со печат кој ќе се издвојува на полиците.
       Алуминиумски капачки
Традиционални, засега незаменливи во заштитата на Вашиот производ. Со можност за лепење врз неколку типови на површини, како ПП, ПС, ПЕТ и сл. Нема компромис кога е во прашање зачувување на вкусот и свежината на млечните производи. Достапни во два формати 75,5мм и 95,5мм