abaa3fcab4bcae2cc5603df7ba5ff669.jpg
7935e36620fee90fd52d70cf0dc8530f.jpg
4a8cfbfaaa6726c6534317d4715e5369.jpg
847448588bf3618ab3b05887348a109b.jpg
8e37422002dee3b92aedab82c3956ae6.jpg
49fdbc027a5da066d0d7f99513844893.jpg
2f9f83cbdf29792f85c828707b41d97a.jpg
Историјат

Историја – 70 години компетентност и искуство
Историјата на Печатницата, која во основа е историја на графичката дејност во Република Македонија, започна на 12.11.1944 година, само осум дена по ослободувањето на Битола. Започна како занаетчиска работилница на 22 вработени, за по шест децении да израсне во современа графичка индустрија, во која егизстираат околу 200 вработени, од различни профили и звања. Во 1948 година Печатницата се трансформира во индустриско претпријатие, во кое од 1950 година е воведено работничко самоуправување. До почетокот на 70тите години има самостоен развој, по што се трансформира во Основна Организација на здружен труд „Киро Димитровски Дандаро“, во рамките на работната организација Битолски графички завод. Во почетоткот на 90 тите години, во процесот на транзиција на општествениот капитал, прерасна во Акционерско друштво, во која што форма успешно датира до денес.
Од своите почетоци, до денес Печатницата го сочува развојниот континуитет, создадени се просторни, кадровски и технолошки услови, кои му овозможуваат постојан развој и просперитет.

Името
КИРО ДИМИТРОВСКИ – ДАНДАРО беше графички работник, вистински борец, родољуб и хуманист. Тој спаѓа меѓу плејадата борци кои го дадоа својот живот за слободата и развојот на својата земја. Денес тој претставува симбол за вработените во Печатницата и целиот колектив кон него ја изразува својата длабока почит.

Печатницата денес
Со својата богата историја во производството на високо–квалитетен печат, постојаното надминување на очекувањата на клиентите, денес Печатницата се издигна на високо ниво во Графичката индустрија. Денес Печатницата ја претставува Графичката индустрија во Републиката. Работејќи по современите принципи на работење на територијата на повеќе балкански и светски држави, Печатницата ја воспостави и одржува својата долгорочна цел, а тоа е задржување на лидерската позиција на пазарот, свесно и одговорно однесување, како и професионален однос кон потрошувачите. Располагаме со најсовремена технологија, ги следиме достигнувањата на европско и светско ниво во графичката индустрија. Нудиме целосна (full service) услуга во делот на:

  • Подготовка (prepress)
  • Офсет печат (offset printing)
  • Безбедносен печат (security printing)
  • Доработка (postpress)
  • Флексибилна амбалажа (flexible packaging) 

Се стремиме да обезбедиме висок квалитет на нашиот производ преку користење на високософистицирана комбинација на технологии, што одговара на буџетот на нашите клиенти и на роковите поставени од нив. Се стремиме да достигнеме доверба и лојалност кај нашите клиенти.
Горди сме на она што денес претставува Печатницата и работиме многу напорно таа традиција да ја одржеме, со фокусирање на она што најдобро ги задоволува потребите на потрошувачите. Горди сме на фактот што сме една од ретките компании со референтна листа на завидно ниво, која зборува сама за себе.